Во трагичната несреќа во Кочани загинал и полицаец кој бил на служба – бројот на загинати расте

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Од загинатите се идентификувани 35 лица, меѓу кои 31 се од Кочани и 4 од Штип. „Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, а во процес е и разговор со еден член од групата ДНК.

Распишана е централна потерница за четири лица. Исто така, се испитува документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави Тошковски, додавајќи дека меѓу загинатите е и полицаец кој извршувал контрола за евентуално откривање на дрога.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде