Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Како што пренесува српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на својот син.
Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата.
-Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите.
Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема “, изјави за Информер извор запознаен со случајот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.