И кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката Плус во Кочани, во која починаа 59 лица, а стопедест се повредени.
Тажната вест ја потврдија од неговиот клуб.
„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија.
Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочуство до семејството“, напишаа од Дино баскет.
Ивановски, кој имаше 20 години, кариерата ја почна уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и оствари многу победи со кочанскиот третолигаш во сите возрасни категории.