Професорот Гордан Калајџиев преку фејсбук статуси реагираше за фалсификатите но и за коррупцијата.
„За еден другар прашувам: како со еден фалсификат се оди во притвор а со друг на функција?!“, напиша тој.
Во друг статус пак, тој го спомена јадењето живи луѓе на Заев, и вчерашната изјава на Мицкоски дека за уши ќе ги вади виновните.
„Еден премиер викаше: “Живи ќе ги јадеме?!” Другиов: “За уши ќе ги вадиме од дома!” Леле мајко! Со што го заслуживме ова?!„, напиша тој.
Тој се осврна и на ветувањето од власта дека ќе се бори со корупцијата.
„Да не се лажете; партиите не можат да се борат со корупцијата: тие се легло на корупцијата! Само независен обвинител може да ја води таа борба!!“, напиша професорот.