ХОСПИТАЛИЗИРАНИ НОВИ 20 СЛУЧАИ: Меѓу нив се и тројца пожарникари!

Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари, oбзнани директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук.

Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица.

На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац)“, пишува Клековски.

Тој информира дека вкупниот број на повредени кои се лекуваат во странство е 73.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде