Српски Информер: Можело да се случи уште поголема трагедија! Сопственикот на дискотеката на смртта закопал 10 тони нафта до објектот!? (ВИДЕО)

Српски „Информер“ објави видео на кое може да се види дека до импровизираната дискотека „Пулс“ имало мини-бензинска станица со закопана цистерна со 10 тони нафта.

„Информер“ пишува дека можело да биде кренат во воздух целиот град Кочани. 

Имено, сопственикот на дискотеката има затрупан резервоар за нафта на околу 50 метри, а според мештаните таму наводно има околу 10 тони нафта.

На „Информер“ му го покажаа местото на наводно нелегално ископаниот нафтен бунар, а како што кажале локалните жители, само од чиста среќа целото место не било крената во воздух.

Во врска со оваа информација која ја пласираше српски Информер засега нема официјални информации од надлежните институции.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде