По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Илчо Гоцевски, возач на брза помош, цела ноќ, без одмор, превезувал повредени и загинати лица, претежно малолетни и тинејџери.
По 40 часа напорна работа и истовремено гледање потресни сцени какви што не се чуени во регионот, поминал до дома да се одмори малку, но срцето не го издржало огромниот притисок и Илчо почина. Така, семејството на еден од јунаците од Кочани остана обвиено во црно.
– Многу ми е тешко. Работеше 40 часа. Дојде со колега и рече дека е уморен. Побара од колегата да му даде инфузија за да му помогне да се опорави малку бидејќи мора да се врати во болница за да помогне.
Ми рече дека е уморен и отиде да спие. Бев изненадена што не стана четири-пет часа. Нешто само ме прободе и извикав: „Иле, Иле“. Не одговараше – се расплакала Анета, сопругата на Илче Гоцевски во потресна исповед за српски Телеграф.
Иако терминот „скршено срце“ се сфаќа претежно фигуративно, во преносно значење, тоа е „вистински“ здравствен проблем кој се опишува како состојба која вклучува срцев удар, најчесто предизвикана од огромен емоционален стрес.