На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа огномет, а во објавата пишува „10 минути огномет. Што народ живее овде? Какви луѓе се ова?“.
Според околината што се гледа на видеото, огнометот бил активиран на кејот на Вардар во Скопје. На објавата кометираат граѓани што велат дека живеат во близина и дека го виделе огнометот.
Негодуваат и ја повикуваат полицијата да постапува. Некои пишуваат дека виделе како некој го пали огнометот и побегнал.
Дел од медиумите објавија дека малолетник правел приватна забава на која имало огномет.
Според информациите, забавата се одвивала во кафуле кај Градскиот парк, близу Кејот на Вардар.
Во очекување на детали од полицијата…