Повредени две лица, од кои едно тешко во сообраќајка која се случила вчера на улицата „Народни Херои“ во скопска Кисела Вода пренесува „Курир“
Од МВР за Курир информираат дека во несреќата, која е пријавена во 18:55 часот, учествувале автомобил „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски познаки, управуван од И.Д.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.Ф.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.