Излета цистерна – сообраќајот на овој патен правец е блокиран

Сообраќајот на патниот правец Ростуше – Дебар е целосно блокиран во двата правци, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Причината за прекинот е сообраќајна несреќа во која цистерна излетала од коловозот.

Настанот се случил вечерва околу 22:10 часот, а надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот.

Засега нема информации за повредени лица.

МСМ апелира до возачите да ја следат состојбата на терен и навреме да ја прилагодат патната рута.

За дополнителни информации, граѓаните може да ги следат официјалните соопштенија на АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде