Полицијата уапси 29-годишен возач, возел со брзина од 173 км на час

МВР информира дека вчера во 14 часот и 55 минути на автопатот Гостивар – Тетово, кај наплатна станица Гостивар,

полициски службеници од Гостивар го лишиле од слобода 29-годишниот З.С. од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час.

З.С. управувал моторно возило „голф“, а дозволената брзина на авотатот е 80 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде