Силен земјотрес во соседството

Земјотрес вечерва е регистриран во Грција, со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците од сеизмолошките станици, длабочината на земјотресот изнесува 7 километри.

Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на Патра, во западниот дел на земјата.

Засега нема информации за нанесени штети или повредени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде