Утрово тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Тешка сообраќајна несреќа рано утринава се случила во населба Усје на булеварот Борис Трајковски, објави Инфомакс.

Според фотографиите што ги објави Инфомакс, во несреќата учествувало едно патничко моторно возило марка Цитроен.

Возилото не беше во возна состојба па така мораше да биде отстрането од улицата од страна на екипа на АМС.

На лице место имаше и полиција која правеше увид во несреќата.

Според првичните информации нема потешко повредени.

Повеќе детали во текот на денот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде