ТРАГЕДИЈА: Мртов маж пронајден во близина на семејната куќа

Во СВР Велес вчера во 08:28 часот било пријавено дека во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка, бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од село Ореше.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде