Метео прогнозерите со најнова вест: Следува голема промена на времето

По многу ладниот бран кој директно ни се спушти од Сибир и ни донесе невообичаено ниски температури за април,

како и појава на снег на повеќе места низ Македонија (вклучувајќи ги и градовите), сега ни следува период на се потопло време, како преку ден, така  и во ноќните  и во утринските часови,

што значи дека во постепен пораст ќе бидат  и минималните утрински, како и максималните дневни температури на воздухот, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Температурите наутро во следниот период веќе на повеќе места ќе бидат позитивни, со исклучок на повисоките населени места, како и на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките места, каде температурите  и понатаму ќе бидат негативни, односно за неколку степени под нулата.

Максималните дневни температури ќе бидат постепено пролетни, и во периодот кој што ни следува, тие на повеќе места ќе се искачуваат близу, па и околу 15 степоени, а на повеќе места тие ќе надминуваат  и 15 степени.

Да напоменам дека до сабота, особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина до околу 70 км/час). Во Скопје исто така повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, но ќе биде се потопло со температури кои полека ќе се приближуваат до околу 20 степени, а за време на викендот тие веќе треба да надминуваат и 20 степени.

Инаку, времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, локално повеќе облачност ќе има утре (четврток 10 април), како и (сабота 12 април) кога ќе има појава на локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи, додека на планините над 1700/1800 метри надморска височина ќе провејува снег“, вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде