Беше еден од омилените на публиката: Почина славниот холивудски актер со српско потекло

Холивудскиот актер Мел Новак, најпознат по улогата во култниот филм на Брус Ли „Игра на смртта“ (Game of dead), почина, а тажната вест за ТМЗ ја потврди неговата ќерка Никол Конант.

Новак починал во средата наутро во дом за стари лица во Јужна Калифорнија од природна смрт, рекла Никол.

Иконата чија кариера се протегаше со децении во Холивуд претрпе бројни повреди во текот на кариерата – бидејќи беше познат по тоа што самиот ги правеше сите акробации и борбени сцени. Како што раскажала неговата ќерка, во последните години тој трпел секојдневни болки поради тепањата кои ги трпел пред камерите.

Новак е најпознат по улогата на прецизниот снајперист Стик, именувана по чепкалката што постојано ја држел во устата, во легендарниот филм „Игра на смртта“ со Брус Ли од 1978 година.

Играл со бројни великани на светската кинематографија, како Чак Норис, Брус Ли, Стив Меквин, Кристофер Ли, Ден Ајкројд, Рози О’Донел, Линда Еванс…

Најмногу добивал улоги на негативци во филмовите, а зад себе остави десетици остварувања.

Зад не го останаа ќерките Никол и Леа, поранешната сопруга Вера Новак и внуците.

Роден како Милан Мрѓеновиќ во американската сојузна држава Пенсилванија, Новак гордо го истакнувал своето српско потекло.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде