Славчо Попоски испрати сериозно предупредување: Во следните 24 часа бидете крајно внимателни!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија во следните 24 часа ќе се наоѓа под периферно влијание на ладен бран кој е со потекло од север  и од североисток.

Во ваква ситуација, кај нас во нашата Македонија, и тоа особено во Повардариете и во источните предели ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец.

Повремено и локално ветерот во овие предели ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

И во Скопскиот регион во следните 24 часа повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено во делови од колтината  и со брзина до околу, па и над 60 км/час).

Апелирам, поради очекуваниот силен ветер, граѓаните да бидат повнимателни,и да избегнуваат да ги ставаат своите возила во близина на дрвјата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде