Македонија на нозе: Исчезна 22-годишниот Диме

Диме Стојамиров, момче на 22-годишна возраст од Тремник, Неготино, е исчезнат од вчера, од околу 14 часот.

Како што раскажува неговиот чичко Симе, Диме излегол од семејниот дом и се упатил во непознат правец, а семејството уште вчера го пријавило неговото исчезнување.

– Диме е лице со попреченост, но никогаш не се случило да го нема толку време и да ја помине дури и ноќта надвор од домот.

Вчера околу 14 часот излегол, а ние веднаш штом забележавме дека го нема, пријавивме на телефонскиот број за итни случаи 112.

Синоќа дојдоа стручни тимови да го бараат, се вклучи дрон во потрагата, но за жал момчето не се најде.
Наши познаници ни кажаа дека вчера околу 15 или 16 часот го забележале како се движи кон Дисан, по стариот пат. Не знаеле дека го бараме, инаку ќе го запреле и ќе ни јавеле.

Затоа апелираме до јавноста, доколку некој го забележи, да го задржи и веднаш да се јави во полиција или кај мене на 075 570 354, вели чичкото.

Освен на бројот на чичкото, граѓаните кои имаат било каква информација за случајот, можат да се јават и во полиција.

Извор: Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде