Трагедија го потресе регионот: Во страотна несреќа загинаа две деца

Хрватската полиција се огласи по тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Славонија, во која загинаа три лица, меѓу кои и две деца.

Две лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила на државниот пат број 515 помеѓу Сатница Ѓаковачка и Потњани во 21 часот и 35 минути.

Возачот (44) управувал автомобил со регистарски таблички од Нашиќ и се движел од правец на Сатница Ѓаковачка во правец на Потњан.

Откако стигнал до благ свиок десно и излегол од кривината, возачот со тркала влетал на насипот,

по што нагло свртел налево и во таа прилика возилото се оддалечило настрана и преминало на левата сообраќајна лента наменета за сообраќај на возила од спротивен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде