62. жртва по пожарот во Кочани, почина пациент кој се лекуваше во Белград

Пожарот во Кочани ја зеде и 62-та жртва.

Починат е уште еден пациент, кој по пожарот беше префрлен на лекување во Белград,

соседна Србија, пренесува Курир, повикувајќи се на извори во Министерството за здравство. 

Наскоро се очекуваат подетални информации оттаму. 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вчера информираше дека од двајцата критични пациенти од несреќата во кочанската дискотека, кај едниот има мало подобрување. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде