Комерцијална банка со важна информација за јавноста – испратено е предупредување!

Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека е детектирана нова форма на измамничка кампања преку електронска пошта, при што се испраќаат лажни пораки во име на Комерцијална банка и известува за пристигнат прилив.

Во рамки на оваа измамничка кампања, испраќачот користи стара e-mail порака, која на прв поглед изгледа како автентична комуникација од Комерцијална банка, при што ја проследува со додавање на текстот: „Почитуван клиент, приложена потврда за прилив.“

Овие пораки содржат прилог (attachment) со наслов од облик:
„Прилив-283-687…pdf….xz“ или „Прилив-83-679…pdf…rar“ кои во себе содржат злонамерна датотека.

Особено е важно да се обрне внимание на e-mail адресата на испраќачот, иако визуелно може да изгледа како да доаѓа од Банката, реалната адреса е:
[email protected], која не е од доменот на Комерцијална банка и претставува обид за фишинг.

Доколку добиете ваква порака, не ги отворајте прилозите, не ја препраќајте и избришете ја!

Целта на овие пораки е инсталирање на малициозен софтвер и/или прибирање лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Комерцијална банка ги повикува сите корисници на електронска пошта да постапуваат внимателно, да проверуваат детално од кого доаѓа пораката и да не отвораат сомнителни прилози.

Споделете ја оваа информација со вашите колеги, пријатели и семејство за да се спречи потенцијална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде