Уште една трагедија пред Велигден: Во страотна несреќа загина 19-годишно момче

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало,

излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија,

а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде