Земјотрес со јачина од 2.6 степени според Рихтеровата скала е забележан во близина на Никшиќ, Црна Гора
Жителите сведочат дека го почувствувале потресот, но засега нема извештаи за причинета штета.
Земјотресот со помала јачина, со епицентар на околу 2 километри југозападно од местото Пресјека во општина Никшиќ, Црна Гора, е регистриран утрово во 8 часот и 11 минути, соопшти Секторот за сеизмологија при Управата за хидрометеорологија и сеизмологија.
На Велигден, јачината на земјотресот во хипоцентарот (жариштето) изнесувала 2.6 степени според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од IV степен според Меркалијевата скала.
„Ме разбуди потресот“, „Кратко, ама силно“, „Добро затресе“, сведочат жителите од овој дел на Црна Гора.
Засега нема информации за материјална штета.
