Познатиот метео прогнозер Славчо Попоски најави дека кон Балканот и Македонија доаѓа нов зимски удар.
Температурна аномалија: Од 26/27 април прогностичките материјали и понатаму цртаат озбилно заладување на времето, и температури кои не се вообичаени за крајот на месец април, што се однесува за Првомајските празници, и понатаму релативно ладно време.
„Прогностичките материјали упорни па упорни, по 25 април се црта сериозен нов зимски удар на Балканот и Македонија кој ќе ни донесе невообичаено ладно време за
крајот на месец април, појава на мраз, а можна е дури и појава на снег, напиша Попоски и објави мапа.
