45-годишен маж пронајден починат, телото дадено на обдукција
Починат маж изминатиот викенд бил пронајден во парк во скопски Карпош.
– На 19.04.2025 во 06.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во парк на подрачјето на Карпош, бил пронајден починат Ф.Џ.(45) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, соопштија од полицијата.
