Славчо Попоски попладнево со огласи најнова метео информација:
„Најнова симулација на прогностичките материјали која на сите вас ќе ви се допадне, најмногу на земјоделците:
Ладниот бран кој се црташе по 25 април во целост се повлече, што значи дека и официјално нема опасност од појава на нови мразеви и минусни температури кај нас!“, објави Попоски.
Под влијание на плиток циклон кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, во Македонија, до самиот крај од оваа недела ќе имаме променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, прогнозира Славчо Поповски.
Според прогнозата на метерологот во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични облаци, или нестабилна конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
