Одлична вежба на Сашо: Ова видео може да им помогне на многумина кои имаат проблеми со грбот

Долго време патев од телесни тегоби како што се проблеми со зглобовите, ‘рбетот, ишијас, дискус хернија…

Со Божја помош, со помош на докторите и луѓе кои се занимаваат со здравје, како и со свој сопствен труд, дојдов до вежбата која навистина може да го поправи квалитетот на животот и да го врати нарушеното здравје.

Затоа сакам да го споделам своето искуство со вас и да ви ја покажам исцелителната вежба со чија помош целосно оздравев од овие болести. Еден дел од вежбата сам го осмислив, додека другиот дел го презедов од други и малку го модифицирав.

Во ова видео покажувам вежба која лично ја креирав (со Божја инспирација), која е неверојатно ефикасна за местење на лопатките, рамењата, како и првиот граден (торакален) прешлен Тh1, а можеби и на некој од вратните прешлени (зависи од лицето и видот на физичкиот проблем).

Потребна е само љубов кон себеси, искрена вера во Бога, лицето да биде опуштено и правилно да ја изведува вежбата.

Му се заблагодарувам на татко ми кој го сними ова видео.

Напомена: Овие вежби не се рецепт за секого, туку служат како поттик за секого да си го побара лекот. Не сум доктор и немам право да лекувам, туку да ги мотивирам другите со своето искуство.

Примената на овие вежби е на лична одговорност на секој поединец. Исто така, вежбите треба да се изведуваат на празен стомак (наутро, навечер и помеѓу оброците), да се премине на здрав режим на исхрана и да се живее духовен живот (позитивно да се размислува и сè останато што налага верата) за да се постигне максимумот од здравиот живот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде