Страшно невреме во Србија: Врнеше град со големина на лешник (ВИДЕО)

Силно невреме попладнево погоди делови од Србија – град со големина на лешник падна во Хртковци кај Рума, во близина на границата со Хрватска.

Службите предупредуваат на можност од нови силни врнежи, пороен дожд и грмотевици, кои се се очекуваат во Србија во наредните четири дена.

Во селото Хртковци, град со големина на лешник паѓал околу еден час. Пороен дожд ги поплавил улиците на Приеполе, објавија српските медиуми

Невремето исто така ја погоди и западна Србија, а обилните дождови ги поплавилеа улиците на Приеполе бидејќи градската канализациска мрежа не можела да го издржи притисокот на огромното количество вода.

Силен град попладнево е забележан и во Белград.

Сообраќајот на автопатот Е75 од насока на Белград кон Ниш, пет километри пред фонтаната Лозовица, бил парализиран речиси два часа поради порој кој го оштетил патот.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде