Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија!

Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.

ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

Дејности во врска со недвижен имот за 16.6 проценти, Преработувачка индустрија за 11.5 проценти и за Образование 11.4 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 3.9 проценти и Преработувачка индустрија за 2.5 проценти. 

Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 634 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде