ВИДЕО Спречена трагедија: Пукнаа сите гуми на авионот, во последен миг откажано полетувањето

Карго авион од типот Боинг 747-400 ЕР го одложи своето полетување од интернационалниот аеродром во Сантијато во Чиле, откако му се дупнале гумите.

Авионот бил произведен во 2005 година, и не пријавил никаков проблем. Откако се подготвувал да полета од Чиле, во последен миг пилотот увидел дека нешто не е во ред, па го откажал.

Веднаш на лице место присгнале спасувачките служби, а се појавил и мал чад од тркалата, по што реагирале и пожарникарите. За среќа, никој не е повреден.

Веднаш е почната истрага за овој инцидент, кој ќе се претворел во трагедија да не била навремената реакција на пилотот.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде