УХМР најави невреме: Пороен дожд, грмежи и појава на град

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Крушево, 26 литри на метар квадратен.

После Крушево, следуваат Крива Паланка со 13, Штип со 10, Скопје со осум. Најмалку дожд имаше во Прилеп и Велес, по 1 литар на метар квадратен.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде