Симона Стојкова се огласи на „Фејсбук“ и негира дека е исчезната

Девојката Симона Стојкова од Скопје, за која се појави објава на страницата „najdime.org.mk“ дека е исчезната, никогаш не била пријавена како исчезната во полициска станица.

Таа самата ја демантираше информацијата преку објава на својата „Фејсбук“ страница.

„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!!

Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.

Засега не е јасно како нејзиното име завршило на веб-страницата за потрага по исчезнати лица, ниту дали претходно воопшто било поднесено официјално известување до полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде