ОГРОМНА ТАГА: Познат идентитетот на момчето кое почина по пукањето во Скопје

Алајдин Сулејмани (31) од Арачиново, кој беше тешко ранет во престрелката кај Бит-пазар која се случи попладнево, им подлегнал на повредите во скопскиот Клинички центар.

Тој беше тешко ранет во инцидентот со пукање што се случи околу 14 часот, кога според МВР,

две групи од по пет до шест луѓе пукале едни кон други зад полициската станица Бит-пазар.

„Денес (25.04.2025) околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата ‘Војдан Чернодрински’, во реонот на Бит Пазар, имало истрели од огнено оружје.

На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, кои констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било тешко повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс ‘Мајка Тереза’.

На местото на настанот биле пронајдени повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – соопштија од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде