Нов силен земјотрес го стресе Истанбул

Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Истанбул, соопшти турската служба за управување со кризи.

Неколку силни земјотреси беа почувствувани во западниот дел на градот во 19:33 часот по средноевропско време, но тие беа послаби отколку во средата.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Повеќе од 150 луѓе беа повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени и последователните шокови на 23 април во најголемиот турски град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде