УХМР за денеска најави невреме – ова се деталите

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите.

Според најавите, во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, а на одредени локации се очекува пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

„Процесите ќе бидат поинтензивни на неколку места и може да се развијат во форма на краткотрајно, но силно невреме“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најризични се попладневните и вечерните часови.

Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Маврово и во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 25 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, силен ветер и појава на грмежи.

Постојат услови и за изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 23 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде