УХМР утрово со најнова прогноза: Еве какво време ќе имаме денеска и во следните денови

Времето денеска во утринските часови ќе биде ведро и посвежо, а преку ден ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од 2 до 25 Целзисуови степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 25 степени.

Како што посочуваат од УХМР, следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Во вторник и во среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде