СТРАШНО: Пожарникар морал да ја држи кочницата на возилото за време на гаснењето на пожарот во „Пулс“ – Катастрофална состојба на противпожарната едница во Кочани

В.д. градоначалник на општина Кочани, Венко Крстевски во видео обраќање од кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани посочи на катастрофална состојба со која се соочува оваа едница. Тој го покажа возниот парк со кој тие како противпожарна едница располагаат.

„Ова е возилото кое користено за време на несреќата во „Пулс“. Во период на несреќата внатре имало пожарникар кој што морал да ја држи кочницата бидејќи е истото возило технички неисправно нешто што е утврдено во текот на вчерашниот ден и е ставено во функција.

Ова возило овде е старо 47 години и се користи за гаснење на пожари. Од вкупно пет возила со кое располага противпожарната едница, официјално две се вон функција, а тие три што се во функција се во многу лоша состојба“ кажа Крстевски.

Тој апелираше до Владата и до донаторите кои се наклонети овој период во Кочани да помогнат во делот за обезбедување возила за противпожарната единица.

„Сакам да потенцирам дека во текот на наредната недела општина Кочани ќе распише оглас за вработување на двајца пожарникари бидејќи им се потребни на територијалната едница зошто располагаат со вкупно 16 пожарникари, а законскиот минимум по глава на жител е 32“, посочи Крстевски.

Тој дополнително апелираше до пратениците да го изгласаат законот за пожарникари и се заложи дека тие како општина во наредниот период ќе посветат многу внимание во безбедноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде