Славчо Попоски објави мапа: Од север ни доаѓа ладен бран, можни се мразеви
„Само што помислив дека и официјално ставаме крај на ладните зимски продори, сепак, најновите ажурирања на прогностичките материјали не го кажуваат тоа, поточно,
одсега гледано и секако многу неофицијално, во првата половина од мај ни следуваат дури два ладни продори од север и од североисток,
првиот околу 7 мај а вторниот околу 13 мај и доколку се случи ова би можеле да очекуваме појава на мразеви и на невообичаено ладно време за мај, напиша Попоски на Фејсбук.
