Бидете подготвени, УХМР најави пороен дожд и грмежи – еве кога

Сончево и топло време со мала до умерена облачност е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.

 Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата наутро ќе биде од 4 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 17 до 28 степени.

И во Скопје за денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност  и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 10, а дневната до 28 степени.

За викендот се најавува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура се очекува да достигне 30 степени.

Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде