Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од пет се повредени во автобуска несреќа
во градот Паданг Панјанг во Индонезија, соопшти официјалниот претставник.
Според извештаите, автобусот изгубил контрола и се превртел поради откажување на сопирачките, јави Ксинхуа.
„Автобусот имаше дефект на сопирачката додека имаше голема брзина.
Не можеше да сврти во кривината и се преврте“, изјави Аркес Рефагус, шеф на одделот за сообраќај во Паданг Панјанг.
