Важно за сите кои патуваат: Блокиран сообраќајот на овој патен правец, започнат е ненајавен протест

Важна информација за сите кои утрово патуваат!

Во 08.50 часот започнат е ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани – информираа од АМСМ.

– Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците.

Од 09.10 часот сообраќајот е блокиран во двата правци – соопштија од АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде