ТАЖНА ВЕСТ: Почина Филип Аврамчев

Почина Филип Аврамчев, долгогодишен член и активист на Либерално-демократкста партија и поранешен директор на Универзална сала. Веста за неговата смрт на Фејсбук ја објавија од партијата.

„Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец.

Либерално-демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели.

Не постојат зборови кои можат да ја надоместат штетата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари“,пишуваат од ЛДП.

Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година во Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис-секторот, додаваат од ЛДП.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 8.5.2025 (четврток) во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје во 11:00 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде