Се преврте трактор и падна во река, едно лице итно пренесено во болница

Вчера во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат,

кај место викано „Скокото“ кај Равна река, пехчевско, педесет и осумгодишниот И.Д. од Берово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река.

Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде