ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Еве на колку години затвор е осуден Васил Јованов

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.

Јованов претходно призна вина за сообраќајната несреќа, која се случи во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Според обвинението, тој на 29 јануари, без возачка дозвола, управувал возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол.

На пешачки премин на црвено светло удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло.

Кулакова од силината на ударот починала на самото место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде