Исчезна тетка Мара – ако некој ја забележал нека пријави на 192

На социјалните мрежи од вчеравечер се шири апел за пронаоѓање на Мара од Скопје.

Од она што пишува во објавата таа последен пат е видена вчера кај Железничката станица во Скопје.

„Да се потрудиме да ја пронајдеме Мара.

Последен пат видена во близина на железничка станица Скопје и од тука се губи трага.

Ако некој ја забележал слободно нека пријави на 192!

Ве молам споделувајте”, стои во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде