На 13/14.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(35), Ф.К.(32), А.А.(22) и Н.У.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 13.05.2025 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.А.(20) и Е.Е.(23) од село Ваксинце, општина Липково.
Тие биле затекнати кај место викано Слупчански бунар, липковско, додека купувале марихуана, при што лицето што им ја продало дрогата побегнало.
Подоцна, на 14.05.2025 во 00.30 часот, по преземени мерки, од слобода бил лишен и продавачот А.М.(26) од село Слупчане, општина Липково.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
