Дете на возраст од девет години е тешко повредено вчера попладне во двор на училиште во Кичево, кога во него удрило друго дете кое возело велосипед, соопшти МВР.
„На 14.05.2025 во 18:18 часот во ОВР Кичево било пријавено дека околу 18:00 часот во кругот на основно училиште на ул.„11 Септември“ во Кичево, 11-годишно дете од Кичево, управувајќи велосипед, удрил во деветгодишно дете од градот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишникот, констатирани во Општа болница Кичево.
На местото бил извршен увид“, велат од полицијата.
