По цели два месеца од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи конечно се огласи Горан Тонев.
Младиот гитарист и пејач кој заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска се единствените преживеани членови на „ДНК“ во несреќата, сподели фотографија на „Фејсбук“ од болницата.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија.
Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене.
Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев во емотивното обраќање.
