Апасиев за Ристески: Ако пак го направи тоа следниот пат ќе добие нога во глава

„Не може секој пат кога ќе се сретнеме да ми пцуе жена и дете поради тоа што му ги објавивме патните трошоци“, изјави за „Фокус“

пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев по инцидентот во Собранието кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканувал поради тоа што Левица „многу зборувале за патните трошоци“.

Апасиев вели дека пратеничката група на Левица неколку месеци наназад трпи притисоци од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека по нивните институционални реакции, никој од Собранието не интервенирал.

„Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам.

Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна“ – рече Апасиев за „Фокус“.

Фокус.мк – Целиот текст тука.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде