Силно невреме беснее во делови од Балканот – ќе ја зафати ли Македонија?

Балканот зафатен од силно невреме.

Обилните дождови проследени со силен ветер и град предизвикаа голем број проблеми и материјална штета во неколку окрузи низ Хрватска, оставајќи делови од населби привремено без струја.

Поради невремето привремено беше запрен и авиосообраќајот.

Бурата се спушти и во Србија корнејќи дрвја во Војводина и Белград, значително отежнувајќи го сообраќајот.

Предупредување за невреме со обилни дождови доби и Грција.

Во Македонија, времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2.

Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието.

Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини во утринските часови ќе има услови за слаб снег. Дневните температури во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде